Новинарот Томислав Кежаровски повикан на информативен разговор

Новинарот Томислав Кежаровски добил полициска телеграма со покана за информативен разговор во полициската станица „Беко“, која тој не ја потпишал, соопшти на социјалните мрежи.

Кежаровски вели дека во присуство на својот адвокат, денеска во 18:30 часот ќе се појави во станицата.

„Ме викаат поради вмешаност во фарбањето на Собранието. Со оваа пријава моето CV ќе биде комплетно“, напиша новинарот Кежаровски на својот ФБ профил.