Нова театарска премиeра во Тетово – „Љубовникот во голем стил“

Тетовската театарска публика ќе има можност да ја погледне премиерата на претставата „Љубовникот во голем стил“, во изведба на тетовското драмско студио, а во режија на Игор Бачоски. Во комедијата, која се поставува по текст на британскиот драматург Ray Cooney, играат актерите: Глигорие Стојановски, Тања Бучковска, Наташа Петровска, Борис Симовски, Кристина Димовска, Игор Бачоски и Лазар Сароски. Ова е втор текст од истиот автор кој се поставува во Тетово – пред неколку години драмското студио ја изведе неговата драма „Жена ми се вика Борис“.

Претставата ќе се одигра во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, на 16 ноември, со почеток во 20 часот.

Слушнете ја изјавата на режисерот Бачоски за тетовската телевизија Менада: