Нова игра на Гугл – играчот црта, а вештачка интелигенција препознава што е нацртано

Како дел од истражување за тоа како систем со вештачка интелигенција учи да препознава форми и предмети, Гугл ја создаде играта наречена Quick, Draw!.

Целта е играчот да нацрта одреден предмет за 20 секунди, а системот со вештачка интелигенција да препознае што е нацртано. Самата игра е забавна и одзема отприлика една минута, а истовремено ја зголемува датабазата на системот за препознавање на нови предмети и форми.

Идејата е дека вештачката интелигенција наскоро ќе може да ги препознава нацртаните објекти побрзо и со повеќе детали и е одличен начин за обичниот корисник да научи како се формираат и надоградуваат невралните мрежи.