Нова година, нов протест за чист воздух

Преку социјалните мрежи за утре (4 јануари) од 15 часот е најавен нов протестен собир против горливиот проблем со загадувањето.

„Протест ЗА чист воздух“ треба да се одржи пред бараките на Град Скопје и работното место на градоначалникот Петре Шилегов.

„Да нема забуни! Воздухот нема политичка боја, воздухот нема религија, воздухот нема раса! Бараме итни мерки да стапат во сила секој ден до крајот на зимскиот период, да се воведе конкретен план за долгорочно справување со загадувањето“, стои во најавата за протестот.