Нова акција за правење топли засолништа на бездомните животни

Во среда, на 24 октомври, ќе се организира втора акција во Концепт 37, за правење топли засолништа на бездомните животни.

„Creative Macedonia“ повторно ги повика сите љубители на животни и хуманитарци да придонесат за изградба на што повеќе топли засолништа за бездомните животни.

„Донесете широк селотејп, стиропор, стара облека, водоотпорни материјали, празни тетрапак амбалажи. Донесете енергија и желба за што помалку премрзнати животинчиња“, велат организаторите на настанот.

Целта на иницијативата „Топла зима за бездомните животни да има” е изработување на чергичиња, перничиња и се останато што ќе им помогне на бездомните животни да ја пребродат престојната зима. И сето ова преку рециклирање на стара облека, гајбички и картони.

Акцијата почнува во 17 часот.