Nokia 3310 ќе чини 49 евра, батеријата ќе трае подолго и ќе ја има играта „Змија“

Долгоочекуваното враќање на Nokia 3310 полека се остварува. Наскоро се очекува стариот, но подновен модел да биде на продажба од 49 евра.

Минатата година, финскиот старт ап HMD Global составен од поранешни извршни директори на Нокиа се здоби со интелектуална сопственост, потребна за да прават телефони од Нокиа. Ова вклучуваше брендирање и технологија.

HMD Global го обнови класичниот 3310 модел, но ги задржи квалитетите кои го направија оригиналниот телефон популарен – цврстината и трајноста на батеријата.

Nokia 3310, кој во неделата беше претставен на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона ги има следните карактеристики:

  • 22 часа време за разговор, десет пати подолго од оригиналот, а трае еден месец кога е во мирување
  • избор од четири бои, вклучително и оригиналната сина боја
  • ја има популарната игра „Змија“

Од компанијата соопштија дека мобилниот телефон ќе биде лансиран во втората четвртина од годината.

Финскиот старт ап се здружи со Foxconn кои ќе помогнат во изработка на уредот.

HMD дојде до идејата за оживување на култниот уред по барање на корисниците.

„Ние бевме во контакт со потрошувачите и ги прашавме кој беше најдобриот уред на Нокиа што досега го имале и надвор од тој прашалник беше 3310. Тогаш рековме, во ред, зошто да не, ајде да се забавуваме и да го направиме ова. Ова е одличен начин од комуникациски поглед да се каже дека сега Нокиа има ново поглавје“, изјави Арто Нумела, извршен директор на HMD Global.

Од оригиналниот модел биле изработени над 100 милиони копии.

Аналитичарите ја советуваат компанијата да го позиционира својот бренд како нов иновативен производ, наместо да остане само бренд кој буди носталгија кај поранешните корисници.