„Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Ројтерс“ и раперот Кендрик Ламар меѓу добитниците на Пулицер

Пулицеровите награди годинава опфатија, меѓу другите теми, приказни за злоупотреба на работното место, изградба на границата меѓу САД и Мексико, како и профилот на Дилан Руф, кој беше обвинет за убиство на демонстранти во Чарлстон со неговиот автомобил.

„Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ се добитници на Пулицеровата награда за национално известување, а наградата им ја донесе расветлувањето на истрагата за можните контакти на предизборниот тим на претседателот Доналд Трамп и руски претставници.

„Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ освоија награда за известувањето за холивудскиот продуцент Харви Вајнстин и сексуалното вознемирување.

Весникот „Прес деморкат“ од Санта Роса, во Калифорнија, е добитник за најнова вест, за пожарите што минатата есен ја зафатија Калифорнија.

Агенцијата „Ројтерс“ доби две Пулицерови награди – за меѓународно известување и за фотографија.

Во областа на уметноста, наградите се доделуваат во седум категории меѓу кои и роман, драма и музика.

Во музичката категорија, лауреат е раперот Кендрик Ламар за делото „DAMN“, со што стана првиот некласичен или џез уметник кој ја освоил таа награда.

Романот на Ендрју Шон Грир, „Les s“, освои Пулицерова награда за роман, додека наградата за драма ја доби Мартина Макој за „Cost of Living“. Френк Бидарт е добитник на наградата за поезија за делото под наслов „Half-Light“.

Пулицерови награди за новинарство се доделуваат од 1917 година на Универзитетот Колумбија и се сметаат за најпрестижните награди во областа на новинарството.