#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Валентина Миладинова

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии од Валентина Миладинова, студентка на Архитектонскиот факултет во Скопје.

За овој циклус фотографии, таа вели дека дејството сака да го претстави од гледна точка на случаен минувач.

„Мојата страст е да ги запечатам моментите што ретко се повторуваат. Шетање по непознати улички ми прави посебна сатисфакција. Секогаш ги приметувам двајцата комшии што си прават муабет, малата саксија на тераса, спружените алишта на прозор, човекот што свири и ги полни улиците со мелодија, уметникот којшто ги краде погледите на сите минувачи или кога светлината совршено се вклопува во една фасада и уште многу други моменти кои што успеваат да ми украдат поглед низ објективот. Преку овие фотографии сакам да истакнам дека уметноста и убавината на животот се крие во забележување и нагласување на малите детали“, забележува младата фотографка.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.