#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Бранко Цвијановиќ

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме улична фотографија од Бранко Цвијановиќ.

„Уличната уметност за мене претставува прошетка низ улиците и доловување на емоциите на луѓето низ истите. Секогаш во моето слободно време шетам низ нашето Скопје и секогаш наоѓам нова инспирација во истото иако не толку големо. Секоја прошетка дури и на истите места во градот претставува нов момент и можност за нова слика“, вели тој.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.