#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Симеон Ацевски

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив споделуваме фотографии од Симеон Ацевски.

Ацевски вели дека работи како сервисер за мобилни телефони, а истовремено се бави со фотографирање.

„Фотографирам речиси сè што ќе го привлече моето внимание и ќе ми се допадне, а понекогаш сакам  и да експериментирам со фотографиите. Фотографирањето за мене е меѓу најпосебните уметности, зашто секоја фотографија овековечува некој миг кој прошол и повеќе никогаш нема да се врати, освен во нашите чувства и нашата меморија“, вели тој.

„Секое дело кое произлегло од нечиј објектив носи уникатна и автентична приказна, која секој набљудувач може различно да ја интерпретира и доживее. Сметам дека фотографирањето исто како и сите други уметности ти дава шанса да се изразиш и   да ја покажеш твојата гледна точка на уметноста и светот преку твојот објектив“, раскажува Ацевски.

Фотките се фотографирани со Nikon D3500.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.