#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Бојан Прцуловски

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме избор фотографии од Бојан Прцуловски.

Прцуловски е графички дизјанер, во слободно време чита сај-фај книги и фотографира.

„Поголемиот дел сликам со мојот телефон (Xiaomi Redmi Note 10 Pro) и понекогаш со камера (Olympus E500). Обожавам да правам неконвенционални фотографии. Моите фотографии се спонтани, непланирани и често случајни“,

Вели дека не сака да ги следи правилата за фотографирање, туку дека повеќе сака кога експериментира.

„Можеби за секого немаат смисла, но мене ми значат се. Мојата цел е да создавам фотографии кои се визуелно интересни и емотивно емотивни. Сакам моите фотографии да ги натераат луѓето да размислуваат и да почувствуваат нешто. Не ми е грижа дали моите фотографии се технички совршени. Сакам само да бидат вистински и автентични“, забележува тој.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.