#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Ивана Јовановска

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив се дружиме со книжевничката Ивана Јовановска. Таа е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. За Радио МОФ вели дека освен книжевноста, сака да истражува и други уметнички дисциплини.

„Фотографирам од дете, а можноста да имам контрола врз композицијата и пораката која таа ја пренесува, содржината на моментот кој е пренесен и сите аспекти кои ги опфаќа фотографијата ме фасцинираат отсекогаш“, ни открива таа.

„Конкретно, овие фотографии се приказ на еден ден во рурално место надвор од Скопје, каде деталите на секојдневниот живот се многу интересни за забележување и врамување, особено како црно-бела рефлексија на реалноста која е пренесена. Излегувањето од градскиот метеж и мирот на малите места нудат интересен простор за истражување на деталите и руралниот начин на живот“, забележува Јовановска.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.