Нинтендо најверојатно ќе направи конзоли за своите мобилни игри

Нинтендо наскоро можно е да прави конзоли за „паметни уреди“, вклучувајќи паметни телефони и таблети. Веста доаѓа по 76-тото Генерално собрание на акционери, каде генералниот менаџер за забава и развој Шинја Такахаши рече:

„Физичките регулатори за апликации на паметни телефони се достапни на пазарот и можно е ние да развиеме нешто наше. Верувам дека начинот на размислување на Нинтендо е да разгледа дали акционите игри се навистина невозможни без физички регулатор за паметни уреди, и како да направиме една таква игра“.

Компанијата не се откажува од игрите со конзоли. Од денес може да се купи Pokemon Go, која има сопствен уред.

Miitomo е веќе популарна, а компанијата ветува уште пет слични игри до март следната година. Сепак, се уште се дискутира за конзолите наменети за игрите на Нинтендо.