Нина Костовска ќе биде привремено вработена во владината библиотека

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Нина Костовска од Тетово, која има Даунов синдром, а за време на средбата таа ја прифати понудата да биде времено ангажирана како библиотекар во владината библиотека, соопштија од Владата на РМ.

За време на средбата со премиерот, таа зборувала за својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала. Нина Костовска дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители.

Нина Костовска е едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, за кампањата „See the ability not the disability”. Неодамна беше дел од настанот „iFail“, а нејзинi изјави се најдоа во еден од последните подкасти на Радио МОФ, насловен: И успешните грешат.

[Аудио] Skills that pay the bills: И успешните грешат