„Непотребното за тебе е богатство за друг“ – Размена на книги и облека во „Дуња“

Коприва Колектив организира размена под мотото „Непотребното за тебе е богатство за друг!“ која ќе се одржи на 18-ти февруари во социјалниот центар „Дуња“, со почеток во 18 часот.

Правилата за учество се следни:

📍РАЗМЕНА НА КНИГИ
1. Ги чистиш полиците од непотребни книги со 100 кила прашина.
2. Одвојуваш еден куп и го носиш на размена :D
3. За секоја 1 донесена книга добиваш 1 купон.
4. Размената започнува. ✨
5. За секој 1 купон можеш да земеш 1 книга.
Попатно, уживаш во друштвото на читатели страсници! 🍷

📍РАЗМЕНА НА ОБЛЕКА
– Облеката е еден од најголемите загадувачи – да и дадеме втора шанса! Нема ограничувања во однос на земање и оставање. Донесете и разменете облека, марами, накит… можеби ќе најдете и подарок :)

Неразменетите книги ќе бидат донирани во библиотеки по потреба, а вишокот облека ќе биде наменет за социјално загрозени семејства.