Неонацистички пароли во камп за бегалци во Австрија

Во центарот за бегалци во австрискиот град Хoенемс непознати лица испишала неонацистички пароли, пренесуваат медиумите од Виена.

Само неколку дена откако бегалците, главно од Сирија, биле сместени во една зграда во Хенемс, на фасадата е испишана паролата „Да се запре поплавата од азиланти“, заедно со три кукасти крстови, пренесуваат агенциите.

Неонацистички знаци и ксенофобични пароли се испишани и на фасадите на две други згради во близина, како и на влезот во Еврејскиот музеј. Градоначалникот на Хoенемс, Рихард Аман, исто така добил анонимно писмо со нацистички пароли и ксенофобична содржина. Австриската полиција отворила истрага за случајот.

Илјадници бегалци во изминатите три недели доаѓаат во Австрија преку Хрватска и Словенија, откако Унгарија го заостри третманот кон нив и изгради ограда на границите со Србија и Хрватска, принудувајќи ги бегалците да ја сменат рутата на патот кон западноевропските земји.