Неколку дена откако беше отпуштен, Сем Алтман се враќа на директорското место во ОпенАИ

Коосновачот на компанија ОпенАИ, Сем Алтман ќе се врати на директорската позиција само неколку дена откако го отпушти управниот одбор, соопштија од компанијата.

Постигнатиот договор „во принцип“ вклучува и нови членови на одборот, кажаа од технолошката компанија. Ваквата одлука доаѓа како резултат на реакцијата на персоналот кој по отпуштањето на Алтман испрати отворено писмо со закана дека сите ќе дадат отказ доколку Алтман не се врати на позицијата.

„Со нетрпение очекувам да се вратам во Опен АИ“, напиша Атлман во објава на Твитер, односно Х. Тој додаде дека компанијата ќе го надогради своето цврсто партнерство со Мајкрософт, кој е еден од инвеститорите на ОпенАИ.

Управниот одбор минатата недела одлучи да го тргне Алтман од позицијата по што оставка поднесе и ко-основачот Грег Брокмен што ја доведе компанијата во хаос.

Мајкрософт веднаш му понуди нова позиција на Алтман – да води нов напредно-истражувачки тим за вештачка интелигенција, која Алтман веднаш ја прифати.

Денес од ОпенАИ соопштија дека начелно се согласуваат Алтман да се врати на позицијата и дека делумно ќе направат промени во управниот одбор кој го отпушти.

Во објава на Твитер се огласи и Грег Брокмен кој исто така рече дека ќе се врати во фирмата.

Вработените во ОпенАИ бараат оставки од управниот одбор по отказот на директорот Сем Алтман