Недела на австралиски филм во Битола

Од 8-ми до 12-ти април во малата сала на Центарот за култура во Битола ќе се организира „Недела на австралиски филм“. Ревијата на филмови ќе биде отворена во понеделник во 19:30 ч. со комедијата „Црвениот пес“.

Влезот на проекциите е бесплатен, а настанот е организиран во соработка со австралиската амбасада и Кинотека.

Програмата на филмската ревија:

08.04.2019- 19:30 – ЦРВЕНИОТ ПЕС
09.04.2019- 19:30 – ЏИНДАБАЈН
10.04.2019- 19:30 – ЦРНИОТ БАЛОН
11.04.2019- 19:30 – ЧИНИЈАТА
12.04.2019- 19:30 – РОМУЛ, МОЈОТ ТАТКО