Научници именуваа нов воден инсект по Леонардо ди Каприо

Латинското име на нов вид на воден инсект откриен во Малезија гласи Grouvellinus leonardodicaprioi во чест на Оскаровецот Леонардо ди Каприо и неговите залагања за екологијата.

Малиот црн инсект е пронајден покрај водопад во Борнео. Тримилиметарскиот инсект пронајден од научниците бил во лоша состојба – му недостасувала антена и предна нога.

Експедицијата, организирана од филипинскиот универзитет „Атенео де Манила“ и холандската организација „Таксон експедишн“, е дел од програма која ги обучува обичните граѓани да заловуваат, истражуваат и идентификуваат нови видови.

Во соопштението објавувајќи го откривањето на бубачката, од организацијата велат името е во чест на 20-годишнината од Фондацијата на Леонардо Ди Каприо и „нејзините напори за зачувување на биолошката разновидност”.

Фондацијата додели повеќе од 80 милиони долари во грантови за „проекти со висок ефект” од 2010 година, според соопштението.

Од фондацијата, пак, објавија видео во кое Ди Каприо има свое обраќање каде вели:

„Сите можеме да влијаеме, но мораме да работиме заедно за да го заштитиме нашиот единствен дом”.

Ди Каприо ја смени својата профилна слика на Фејсбук со фотографија од бубачката.