Настан: Менталното здравје не е првоаприлска шега

На Филозофоскиот факултет во Скопје, во недела ќе се одржи настанот „Менталното здравје не е првоаприлска шега“. Целта е да се подигне свеста за менталното здравје и позитивните ставови кон него,  да се разбере неговата важност и да се покаже дека насилството е проблем за целото општество, а не само за поединецот кому се случува.

„Нашите говорници преку предавања и работилници ќе ни помогнат да се соочиме со сопствените демони и да го негуваме детето во нас, да го живееме животот со полни гради и срца полни љубов, за конечно да почнеме да живееме, наместо да преживуваме. Ајде сите заедно да ги разбиеме предрасудите поврзани со менталното здравје и болестите и да ја покажеме нашата љубов и поддршка за оние кои се соочуваат со одредени предизвици. Сите заедно да помогнеме да се намали насилството и секусуалното вознемирување!“, порачуваат организаторите на настанот.

Настанот ќе го отвори виолончелистот Дејан Цветковски, по што ќе следат предавања за емоционалната интелигенција и насилството во интимните врски.  Присутните ќе можат да следат предавање за јога, проекција на кратки филмови, но и да бидат дел од две работилници за грижа за менталното здравје и сексуално вознемирување.

Учеството е бесплатно, а пријавувањето е на следниот ЛИНК. 

Настанот е спроведен од младинската иницијатива Hack the Mental Health Stigma произлезена од проектот “Младински лидерски иницијативи”, имплементиран од Младите можат.