„Нахрани 10.000“ – нова национална акција за собирање храна за социјално загрозени граѓани

„Сите сити“ утре (26 октомври) по четврти пат ја организира националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за донирање и собирање и храна на одбрани локации, а потоа и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани.

Оваа октомвриска акција ќе почне во 10 часот и ќе трае се до 18 часот, во Скопје, Битола, Велес, Кочани, Штип.

„Приклучи се! Донирај конзервирана и нерасиплива храна. #ХранаНеСеФрла“, стои во повикот на „Сите сити“.

На претходната акција во мај се вклучија 10 градови низ Македонија и собраа 6 тони храна наменета за социјално загрозени категории лица и семејства. Илјадниците граѓани и десеттината компании кои се вклучија во акцијата донираа: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.