Над милион луѓе со поддршка за Европската иницијатива за борба против фрлањето храна

Европската иницијатива за борба против фрлањето храна е поддржана од повеќе од еден милион луѓе, соопшти интернет-страницата change.org, каде што е објавена иницијативата.

Во текстот се наведува дека супермаркетите во сите земји членки на Европската Унија треба да бидат обврзани да донираат непродадена храна на добротворните организации наместо да ја фрлаат или уништуваат, како што е случај во Франција, според закон од пред две години.

„Во изминативе две години од новиот закон во Франција бројот на оброци што ги доделуваат добротворните организации на гладни луѓе се зголеми за 22 проценти, вели Жонвиев Вилс, претседателка на францускиот оддел во Светската програма за храна при Обединетите Нации, одговорна за безбедноста на храната.

Иницијативата е испратена во Франција, Грција, Шпанија, Германија, Белгија, Италија и Велика Британија.

(МИА)