Национална потерница по Игор Спасов, осуденик за убиството на Мартин Нешкоски

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша национална потерница за Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски.

Како што информираат од МВР, откако биле известени дека Спасов не се вратил во казнената установа, започнале по потрага. Спасов изминатите 14 месеци бил пуштен на слобода поради здравствени причини. Како што стои во потерницата, тој треба да се врати  за доиздржување на казна затвор од 7 години и 3 месеци. Спасов е осуден на 14 години затвор, а казната ја издржува од 2011 година.

Игор Спасов беше осуден за убиството на Нешкоски, откако го претепал за време на прославата на изборната победа на ВМРО ДПМНЕ на плоштадот Македонија. Полицијата неколку дена се обидуваше да го прикрие убиството, што беше повод за бројни протести против полициската бруталност.