На УГД во Штип се одржува првиот државен натпревар за FIRST LEGO лига

На Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчевво Штип денеска ќе се одржи првиот државен натпревар за FIRST LEGO лига за деца од девет до 16 години. Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет, а оваа година учествуваат околу 40.000 тимови од 98 земји.

Факултетот за информатика лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер Завод Супер Главче од Словенија, кој е одговорен за овој регион.

FIRST LEGO лигата е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма што ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.

Оваа година темата на проектот е „Во Орбитата“ и тимовите треба да идентификуваат физички или социјален проблем, со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем и да предложат решение.

Дополнително, тимовите мора да дизајнираат, изградат и испрограмираат робот со користење на LEGO MINDSTORMS технологијата, а потоа се натпреваруваат со другите тимови во исполнување на мисии.

 Победниците ќе учествуваат на регионалниот натпревар во Словенија.