„На кого останува новинарството?“ – онлајн дискусија

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира онлајн дебата на тема „На кого останува новинарството“.

Нејзини говорници се новинарките Теодора Цветковска и Милена Атанасоска – Манасиева.

Дебатата ќе се одржи во среда (11 ноември) во 10:30 ч. преку платформата Zoom.

За учество регистрирајте се на следниов ЛИНК до 10.11.2020 (17ч.):

Оваа дебата ССНМ ја организира во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Медиа дајверзити институтот од Лондон во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија.