На Инстаграм ќе може да се објавуваат и видеа долги 60 секунди

Со зголемениот број на корисници низ целиот свет, Инстаграм на својот блог објави дека корисниците отсега можат да објавуваат видеа со должина до 60 секунди. Промената се однесува на апликациите за iOS и Android уредите.

Пред два месеци, Инстаграм им овозможи на огласувачите да поставуваат видеа со траење до 60 секунди, додека корисниците можеа да објавуваат видеа од само 30 секунди.

„Сакаме да донесеме забава, флексибилен и креативен начин за создавање и гледање видеа на Инстаграм. Подолго видео значи повеќе разновидни приказни на профилите на луѓето кои ги сакате”, соопшти компанијата.

Иако е веќе лансирана, новата опција ќе биде достапна за сите корисници во наредните неколку месеци.