МЖСПП: Апел до граѓаните да не палат бадникови огнови на отворено

Министерството за животна средина и просторно планирање упатува апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух.

Град Скопје и општините во Градот соопштија дека нема да донираат дрва за бадниковите огнови и апелираа до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива.