МЗ: Десет починати и 137 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се регистрирани 137 нови случаи на Ковид-19, 10 пациенти починале, а 131 е оздравен.

Петмина од починатите биле пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години. Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години“, соопштуваат од МЗ.

Од новорегистрираните случаи, најголем број има во Скопје (64), по што следуваат Штип (19), Струга (14), Куманово и Тетово по 7, Гостивар (6), Охрид (5), Кичево (4), Свети Николе (3), Радовиш и Битола по 2, додека Прилеп, Велес, Крушево и Демир Хисар регистрирале по 1 нов случај.

Со ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034. Од вчерашните тестирања, два се контролни

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од МЗ.

Во изминатите 24 часа се направени 1437 теста. Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, велат од МЗ.