МЗ: Четворица починати и 83 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа регистрирани се 83 нови случаи на Kовид-19 од вкупно 539 тестирања. Четворица се почина, а 146 пациенти оздравеле, информира Министерството за здравство.

Новите случаи се регистрирани во Скопје (34), Куманово (3), Штип (6), Тетово (5), Струга (3), Велес (3), Охрид (1), Гевгелија (1), Струмица (5), Крива Паланка (1), Радовиш (1), Кочани (9), Берово (1), Валандово (5), Виница (1), Делчево (4).

Од починатите, тројца се од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.).

Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19, а нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.