МЗ: 15 починати и 46 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 15 лица. Починале 7 лица од Скопје (48г, 57г, 64г, 85г, 91г, 91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Од МЗ исто така информираат дека во последните 24 часа се потврдени 46 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 27 случаи на Ковид-19 во Скопје, 8 во Куманово, по 2 во Охрид и Струга и по 1 случај е регистриран во Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево.

Регистрирани се 89 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш – по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен – по 2 и по 1 од Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.487 тестови.