МЗ: 11 починати и 347 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 11 лица, односно, пет пациенти од Скопје на 35, 75, 65, 81 и 74, еден од Штип на 80 години, еден од Велес на 82 години, еден од Струмица на 78 години, еден од Кавадарци на 55 години, еден од Валандово на 63 години и еден од Пехчево на 93 години. Еден е починат вон, а останатите пациенти се починати во болнички услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 347 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 179 случаи во Скопје, 24 во Куманово, 18 во Охрид, 14 во Тетово, по 13 во Штип и Кавадарци, 11 во Велес, десет во Делчево, по осум во Гостивар и Кочани и седум во Струмица.

Потоа по пет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Прилеп и Пробиштип, по четири во Струга, Кичево, Дебар и Берово, по три во Крива Паланка и Богданци, по два во Свети Николе и Демир Капија и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Битола, Гевгелија, Ресен, Виница, Крушево и Пехчево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 378 оздравени пациенти, односно, од Скопје-270, Куманово-13, Тетово-11, Прилеп-15, Гостивар-4, Штип-5, Битола-3, Велес-6, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-1, Кочани-4, Кичево-5, Свети Николе-2, Гевгелија-2, Неготино-4, Ресен-3, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-2, Богданци-1, Кратово-1, Крушево-1 и од Пехчево-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.013 тестови.