МЗ: 109 новозаразени, 422 оздравени и едно лице починато од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека се потврдени 109 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 20 случаи во Скопје, 16 во Куманово, 15 во Кавадарци, 13 во Штип, десет во Гостивар, седум во Кичево, пет во Свети Николе, четири во Велес, по три во Тетово и Виница, по два случаи во Струга, Охрид, Радовиш и Македонски Брод и по еден случај е регистриран во Прилеп, Битола, Гевгелија, Демир Хисар и Неготино.

Институтот за јавно здравје регистрирал 422 оздравени пациенти, односно, 173 од Скопје, 93 од Штип, 36 од Струга, по 28 од Куманово и Гостивар, 23 од Тетово, 15 од Охрид, осум од Прилеп, пет од Ресен, по три од Свети Николе и Пробиштип, два од Крушево и по еден од Радовиш, Кочани, Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево.

Од МЗ информираа дека од Ковид-19 во болнички услови починала пациентка од Скопје на 70-годишна возраст.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327. Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа се примени пет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 77 лица. Од нив, на кислородна поддршка е 41 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири деца позитивни на вирусот и седум пациенти суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 115.590 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 762 теста.