Слушањето музика на работното место ја подобрува прецизноста во работата и поттикнува побрзо извршување на работните задачи, покажува студијата на британската компанија Mindlab International.
Изборот на музиката зависи од тоа каков вид работа работите, вели невропсихијатарот и предводник на студијата, David Lewis. Така, луѓето кои работат со бројки или мораат да обрнуваат големо внимание на деталите ќе работат подобро со класична музика, затоа што таа ја подобрува прецизноста за 12%, покажуваат резултатите од студијата.
Ако работата вклучува внесување податоци или постојат точно одредени рокови во кои таа мора да биде завршена, најдобар избор е поп музиката. Испитаниците кои додека внесувале податоци слушале поп песни, тоа го правеле за 58% побрзо во споредба отколку кога не слушале никаква музика. За работите кои вклучуваат решавање равенки, најдобар избор е амбиенталната музика – студијата покажала дека благодарение на тој вид музика испитаниците имале најголем процент на точност при решавањето сложени задачи.
Ако на работа се занимавате со решавање проблеми, тогаш денс музиката е најдобар избор – испитаниците кои слушале ваква музика, побрзо од останатите ги решавале задачите за кои било потребно апстрактво размислување.
Но, за слушањето музика на работното место да биде продуктивно, заедно со жанрот, потребно е да знаете да ги изберете и вистинските песни. Ако се концентрирате на тоа да ги „фатите“ зборовите на песната или почнете да се присетувате на моментот во кој првпат сте ја слушнале песната, тоа нема да ви помогне ад бидете попродуктивни. Иако помага да се чувствувате поенергично, музиката може да ви го одвлече вниманието од извршувањето на задачите, велат експертите. За да го избегнете ова, тие препорачуваат во рамките на жанрот кој ви одговара, да бирате инструментални песни.
Но, ако треба да си го подигнете моралот пред важен состанок со шефот, тогаш ова правило не важи. Во овој случај, добро доаѓа некоја жестока рок-класика или музика од акциски филм.
Меѓу интересните наоди од ова истражување е и она што се однесува на редоследот на песните што ги слушате на работа. Мозокот сака да предвидува што е следно, а ако имате листа на омилени песни, тогаш знаете по кој редослед тие одат. Ако вклучите „shuffle“ на вашио музички плеер, редоследот ќе биде случаен, што ќе предизвика излачување на хемикалијата допамин, која се поврзува со доброто расположение.
За да ја подобрите ефикасноста на работното место, експертите предлагаат избор на песни со еднаков ритам. Наспроти честите промени во брзината на музиката, изборот на музика со слично темпо ги поттикнува ефикасното размислување и аналитичноста, па затоа има најсилно позитивно влијание врз расположението.