Музичкиот фестивал Андерфест на 3 и 4 април во „Јавна соба“

Скопје и оваа година ќе биде домаќин на музичкиот фестивал – АНДЕРФЕСТ. Прогресивниот, музички фестивал оваа година ќе понуди дводневна музичка програма на 3ти и 4ти април, во поткровјето на „Јавна соба“, а влезот за двата фестивалски денови ќе биде бесплатен.

Првиот ден на 3 април ќе настапи алтернативната група Cruel od Скопје, Фосфен од Битола, групата Fiction од Скопје, High Voltage од Охрид, како и еден од најпопуларните рапери во моментов од нашата држава Матеј Фолц. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат добро познатите Културно уметнички работници.

Вториот ден честа да свират на сцената ќе ја имаат Sincrest од Кичево, The Chicks – девојките од Велес, Hood, Пепел, Reinconnected. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

„Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже“, велат организаторите.

Настанот е организиран со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје, Jameson и Celia.