Можно ли е да се искоренат сите болести до крајот на 21-виот век?

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чен сакаат да стават крај на сите болести до крајот на векот. Тие ветија 3 милијарди долари за поттик на медицински истражувања – со крајна цел да се најде лек, превенција или начин за справување со сите видови болести.

По сите основи, целта е многу амбициозна. На настан во Сан Франциско, брачната двојка призна дека можеби звучи лудо, но истакнаа колку далеку стигнала науката и медицината последниот век, по цел милениум на бавен прогрес.

Закерберг изјави планот е направен по двегодишни разговори со експерти и дека оваа замисла не е „нешто што го прочитале во некоја книга“. Тој соопшти дека ќе бидат потребни многу години пред спонзорирањето да доведе до нови лекарства и терапии и уште повеќе време пред тие да се користат на пациенти.

Оваа цел не е реална, вели д-р Шина Крукшенк, предавач по имунологија на Универзитетот во Манчестер, иако додава дека е брилијантно што парот сака да инвестира во медицински истражувања. Проблемот со справувањето со болести, вели таа, е што не се работи за „статично поле“.

„Сè се менува. Нашиот имунитет се менува, болестите често се менуваат“, вели таа за ББЦ.

Не само што болестите мутираат и стануваат отпорни на лекови, туку и факторите од средината, како што се климатските промени, можат да го променат начинот на кој инфекциите се шират.

„Некои од инфекциите се предизвик бидејќи не разбираме целосно како механизмот на инфекциите функционира. Има големи процепи во човечкото знаење. Никој не знае зошто на пример – некои луѓе се разболуваат, кога се изложени на некои видови грип, а некои не“, вели Крукшенк.

Таа додава дека некои неинфективни болести, како кардиоваскуларните заболувања и дијабетес – тип 2, можат да бидат последица од начинот на живот и „лекот“ би требало да вклучи целосна промена на човечкото однесување.

Потребни се и огромни инвестиции. Од 1971 година, само американскиот Национален институт за рак има потрошено повеќе од 90 милијарди долари во обид да најде лек. Буџетот на претседателот Барак Обама за следната 2017 година вклучува 34 милијарди долари за справување со ХИВ вирусот. Повеќе од една милијарда долари се потрошија на истражување на еболата во 2014 година. Средствата вложени во справувањата со маларија, според Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, се десеткратно зголемени последната декада – но како и сите претходни заболувања лекот не е на повидок.

Во овој контекст, цифрата од 3 милијарди долари изгледа прилично скромно.

„Тоа е многу, но не е ни приближно доволно за да се победат сите болести до крајот на векот“, вели професор Катерина Фароа, еден од директорите на Центарот за добротворни цели и филантропија од Лондон.

Таа потенцира дека Велика Британија вкупно троши 8,5 милијарди фунти годишно на здравствени истражувања.

Единствената инфективна болест на луѓето која е прогласена како искоренета од Светскиот здравствен совет се сипаниците (variola или variola vera), со последен забележан случај во Сомалија во 1977 година, иако напорите на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се светот да се ослободи од маларија и полиовирусот. Претходнава недела Микрософт соопшти дека ќе го „реши“ ракот во наредните 10 години преку пробивање на кодот на клетките.