Молекули крстени по Кијану Ривс се „еко-алтернатива“ против габи, покажува нова студија

Природен антимикробски производ именуван по холивудскиот актер Кијану Ривс e ефективен против  габи кои предизвикуваат болести и кај луѓе и кај растенија, покажува ново истражување.

„Independent“ пренесува дека истражувањето кое неодамна е објавено во списанието на Американсканската хемиска заедница, објаснува како природната групација „кеанумицини“ кои се произведени од бактерии од родот Pseudomonas, делува против растителни штетници.

Истражувачите, меѓу кои имало и претставници од „Лајбниц“ – Институт за истражување на природни производи и биологија на инфекции во Германија, велат дека молекуларната група „убиваат толку ефикасно што ги именувавме по Кијану Ривс бидејќи и тој е крајно смртоносен во своите улоги“.

Научниците докажале дека „кеанумицини“-те работат ефективно против делуваат „ефикасно“ против растителниот штетник Botrytis cinerea, кој предизвикува сива мувла што пак, може да предизвика огромни жетварски загуби.

Истражувањата истовремено покажуваат дека активни состојки во „кеанумицини“-те може да го сопрат создавањето на габи опасни за човекот, како Candida albicans.

Оваа група на молекули, покажува истражувањето, може да биде „еко-алтернатива“ на хемиските пестицити и може да понуди и алтернативни решенија во борбата против габите кои се отпорни на лекови.

„Голем број од човечко-патогените габи сега се отпорни на антимикотици – делумно затоа што се користат во големи количини во земјоделските полиња“, вели коавторот на студијата Себастијан Геце.