Младите најмалку ги почитувале мерките против Ковид-19, покажува ново истражување во САД

Ново истражување на Американскиот Центар за контрола на заразни болести покажуваат дека младите луѓе сè помалку ги почитуваат препораките за физичко дистанцирање поради пандемијата со коронавирусот.

Истражувањето, спроведено меѓу април и јуни годинава, покажало дека лицата на возраст од 18 до 29 години најмалку ги почитувале препорачаните мерки како физичкото дистанцирање и избегнување на гужви.

Резултатите ја истакнуваат потребата за информирање на младите, не само за потенцијалниот ризик по нив, туку и за нивната улога во ширење на Ковид-19, пишува „Хелтлајн“.

Иако помладите имаат помал ризик да бидат хоспитализирани или да починат како последица на вирусот, инфекцијата може да стане многу сериозна кај лицата од сите старосни групи, вклучително и оние кои се вообичаено здрави.

„Од претходните истражувања исто така ни е познато дека младите лица, во дваесеттите години, можат да послужат како резервоар за пренос на вирусот на повозрасните лица. Намалување на стапките на инфекции кај лицата меѓу 20 и 30 години е пресудно за контрола врз пандемијата“, смета Роберт Глетер, од болницата „Ленокс Хил“ во Њујорк.

За да проверат колку строго луѓето ги почитувале препорачаните мерки против Ковид-19, Центарот за контрола на заразни болести анкетирал лица постари од 18 години. Откриле дека процентот на оние кои носат маски се зголемил за 78% во април и за 89% во јуни, додека сите останати препораки, како физичко дистанцирање, избегнување на групирања и миење на рацете, се почитувале помалку.

Единствен исклучок било избегнување на рестораните, кое не се променило. Генерално младите помалку се придржувале до мерките од возрасните.

Бидејќи уште немаме вaкциnа или лек против Ковид-19, нашето однесување во моментов е најдобра алатка за спречување на преносот, вели д-р Ивон Малдонадо, експерт за заразни заболувања од „Стендофр здравствена заштита“.

„Ако морате да барате од луѓето да направат нешто за да спречите болест, најслабата алка во синџирот се луѓето кои тоа нема да го сторат. Овој вирус, ако постои било кој дел од населението кој не сака да учествува во ублажувањето, нема да исчезне. Вистината е таква што живееме во општество во кое тие млади луѓе, доколку не се дистанцираат, ќе ги заразат другите луѓе во своите заедници кои се високоризични“, вели Малдонадо.