Младите делчевци „мрднаа со прст“ – ја реновираа летната сцена и го исчистија кејот на Брегалница

Младите играорци од КУД Гоце Делчев од Делчево заедно со граѓаните на општина Делчево „мрднаа со прст“ за почисто Делчево.

Минусните температури не беа пречка 100тина млади деца и возрасни играорци да излезат и активно се вклучат во целодневната акција која се однесуваше на реновирање на летната сцена, чистење на кејот на реката Брегалница и градскиот парк.

Акцијата имаше за цел да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина и младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

„Младите докажаа дека преку дружба и забава може да се постигнат повисоки цели кои се за општо добро на сите граѓани на општина Делчево па дури и за посетителите на градот Делчево. Реновирањето на летната сцена придонесе кон продолжување на традицијата на одржување на различни културни манифестации, а исчистениот градски парк и кејот на реката Брегалница како централни места кои често се посетувани од страна на нашите сограѓани и туристи ќе ја потврдат и оддржат чистотата на нашето мало
планинско градче“, велат организаторите.

Оваа акција беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево во рамки на иницијативата ,,Мрдни со прст’’ и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес кон специфични активности во рамки на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно