МКЦ објави конкурс за самостојна или групна изложба на млади ликовни автори

Младинскиот културен центар (МКЦ) во насока на промовирање ликовни уметници од помладата генерација објавува Конкурс за самостојна или групна изложба, кои ќе се реализираат во втората половина на 2019 година.

Планирано е да бидат реализирани 8 изложби, логистички поддржани од МКЦ, за кои ќе биде испечатен соодветен каталог. Средствата за овој проект се обезбедени од Град Скопје.

Изборот на автори ќе го изврши комисија формирана од Младинскиот културен центар и Град Скопје.

Заинтересираните треба да испратат мејл на info@mkc.mk со назнака „КОНКУРС ЗА САМОСТОЈНА ИЛИ ГРУПНА ИЗЛОЖБА“, куса биографија и фотографии од своите дела (линк до инстаграм профили, фб страници или интернет страници на кои се претставени вашите дела).

Право на учество на конкурсот имаат сите заинтересирани ликовни автори на возраст до 35 години.

Конкурсот трае до 1 мај.