МЕД со грантови за поддршка на млади еколози

Македонското еколошко друштво објавува повик за мали грантови за млади еколози во чест на д-р Љупчо Меловски, долгогодишен претседател на МЕД и голем поддржувач на свежата еколошка мисла во Македонија.

Повикот е наменет за млади до 26 години кои имаат желба да водат истражувачки активности кои ќе придонесат кон подигнување на знаењата за биодиверзитетот и заштитата на животната средина во Македонија.

Поддршката и доделувањето на грантови за млади еколози ги има следниве цели:

  • Поддршка и мотивирање на работата на млади еколози,
  • Подигнување на јавната свест,
  • Промовирање на екологијата како наука,
  • Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование,
  • Подобрување на заштитата на животната средина,
  • Проучување и заштита на биодиверзитетот и природата.

Предложениот буџет на еден проект не треба да надминува 90.000 денари. Вкупниот буџет за финансирање на мали грантови во 2020 година е 600.000 денари.

На повикот можете да аплицирате најдоцна до 01.03.2020 година.

Повеќе информации за повикот и формуларот за аплицирање може да го најдете на следниов ЛИНК.