Македонскиот краток филм „Sticker“ во официјална селекција на „Санденс“ 2020

Македонскиот краток филм на режисерот Георги Унковски – „Налепница“ влезе во официјалната селекција на „Санденс“ 2020.

Филмскиот фестивал „Санденс“ вчера ја објави својата селекција за категориите „Независни (Инди) епизодни содржини“, „ Интернационални кратки филмови“ и „Специјални настани“, истакнувајќи ја заложбата на Институтот на Санденс да прикажува храбро и независно раскажување приказни без оглед на нивната форма, формат или должина.

Во селекцијата за категоријата „Интернационални кратки филмови“ влезе и македонскиот краток филм „Налепница“ („Sticker“). Режисер и сценарист на овој филм е Георги Унковски, а улогите ги играат Сашко Коцев, Димитрија Доксевски и Симеон Мони Дамевски.

„Налепница“ ја следи приказната на Дејан (37), кој при неуспешен обид за обновување на регистрацијата на колата ќе западне во бирократска стапица,  која ќе ја тестира неговата одлука да биде одговорен татко.

Краткот филм ќе одржи три американски проекции на 24, 28 и 30 јануари во Парк Сити (Јута) и уште една проекција во Солт Лејк Сити на 25ти јануари.

 

Постер за „Налепница“ на Интернационалниот фестивал за кратки филмови и музика во Даблин