Македонија2025 доделува стипендии за извршни директори и менаџери

Невладината организација Македонија2025 го објави вториот отворен повик за Програмата за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата школа за бизнис – Kellogg School of Management. Годинава за првпат се нудат стипендии за две различни програми –  Програма за развој на извршни директори и Напредна програма за менаџери.

„Наставните програми се дизајнирани во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на лидерството на извршните директори и менаџери. Тие ќе ги обноват и дополнат веќе стекнатите вештини на македонските професионалци и ќе придонесат кон понатамошниот развој на македонската економија и работна сила“, посочуваат од Македонија 2025.

Повикот е отворен до 1-ви март 2018. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање може да најдете на http://www.macedonia2025.com/event/single/85.