[Магор] КАЛ – Николо Аманити

Книгата „Кал“, на познатиот италијански писател Николо Аманити, составена од шест раскази и една новела – Последната Нова година, претставува експлозивна мешавина од раскази за љубовта, сексот и насилството.

„Кал“ во издание на издавачката куќа „Магор“ прикажува сурови и груби ликови што живеат на маргините на општеството, успешни деловни луѓе што во себе носат мрачни тајни, убави девојки што сакаат своето тело да го искористат за напредување во општеството… сите тие се појавуваат во расказите за да ја раскажат приказната за едно време и простор во кои секој е или плен или прогонувач.

Николо Аманити (1966) е еден од најпознатите италијански писатели во последната деценија. Автор е на повеќе романи и збирки раскази. Аманити пишува филмски, динамично и прецизно, без паузи и многу рефлексии. Иако доминира мрачната атмосфера, текстовите изобилуваат со хумор и фантазија, што ги прави исклучително интересни за читање.