„Linescapes“ – Изложба на Лазар Дарковски во Јавна соба

Вечерва во 21:00 часот во Јавна соба ќе се отвори третата самостојна изложба на Лазар Дарковски под насловот „Linescapes“, составена од 15 дела, акрил на платно.

Организаторите велат дека Лазар честопати при размислувања и разговори за уметноста и конкретно за своите дела го цитира Cy Twombly кој вели: “it’s more like I’m having an experience than making a picture”, со што го потенцира значењето на самото искуство на создавање на делата и процесот на создавање.

Притоа, уметничкиот објект или резултатот и не е примарен фокус, туку идентификацијата со процесот како усвојување на личниот духовен простор, алатка која уметникот го заштитува од сопствениот ум и од надворешните извори на хаос.

Изложбата ќе биде поставена до 21 мај во галеријата во Јавна соба.