„Летечки Блуз Пекинезери“ во „Маракана“

Составот „Летечки Пекинезери“ во соработка со „Котон Блуз Фест“ утре (7 декември) во 21 часот во „Маракана“ ќе овозможат уникатно музичко доживување исполнето со фузија од стилови на блуз легендите.

„Оваа свинг петорка е позната по својот начин на вдомување на манири закопани во историјата на големата афроамериканската музичка традиција. Поттикнати од ‘Котон Блуз Фест’, овој пат ќе го исполнат репертоарот со парчиња земени од нејасната граница каде се сретнуваат џезот и блуз музиката“, стои во најавата за настанот.

На 7 декември во клубот „Маракана“, присутните ќе можат да слушнете свинг претворен во џамп-блуз, блуз претворен во свинг и џез изведби на Слим Харпо, Фреди Кинг, Скип Џејмс итн…