Лажните видеа сè поубедливи

Со помош на нов систем за видеоманипулација се создаваат реалистични, сепак, лажни видеа, отежнувајќи го нивното разоткривање.

Еден од тие системи е наречен Deep Video Portraits, и тој покажува драматичен степен до кој се подобруваат лажните видеоснимки. Манипулираното видео на Обама од минатата година, кое беше создадено на Универзитетот во Вашингтон, изгледаше нормално, но беше очигледна имитација.

Вежбата послужи како доказ за потенцијалниот развој на deepfakes – високо реални, компјутерски генерирани лажни видеа. Тоа всушност се обидува да го истакне и системот што го разви Мајкл Золхофер, доцент на Универзитетот Стенфорд, и неговите колеги од Техничкиот универзитет во Минхен, на Универзитетот во Бат, Техниколор, како и други институции.

Новиот пристап на Золхофер користи влезни видеа кои се создадени од изворен актер, од кои податоците се користат за манипулирање со видеото на друг актер. Така, на пример, секој може да послужи како извор и нивните изрази на лицето да се прикажат како Барак Обама или Владимир Путин.

Но, тоа е повеќе од само изрази на лицето. Новата техника овозможува низа движења, вклучувајќи ги и целосни 3Д позиции на главата, ротацијата на главата, погледот на очи и трепкањето на очите. Системот употребува вештачка интелигенција во форма на генеративни нервни мрежи за да го направи трикот, земајќи податоци од сигналните модели и пресметувајќи, или предвидувајќи на фотореалистични рамки за целниот актер. Она што е импресивно, аниматорите не мораат да ја менуваат графиката за постоечката коса, целното тело на актерот или позадината.

Секундарните алгоритми се користат за да се корегираат баговите и другите грешки, давајќи им на видеата суперреалистичен изглед. Тие не се совршени, но се импресивни.

Ваквите видеа сега претставуваат многу ефикасен начин да се направи компјутерска анимација и да се добијат фотореалистички движења на претходно постоечките актерски изведби. Системот, на пример, може да се користи во пренасочување на звук при креирање верзии на филмови на други јазици. Значи, ако филмот е сниман на англиски, оваа техника може да се искористи за да се сменат движењата за да се совпаднат со звучниот назив на француски или шпански.

За жал, овој систем најверојатно ќе биде злоупотребен.