Лас Вегас сега се снабдува целосно со обновлива енергија

Сите објекти во Лас Вегас, од владини згради до улични светилки, сега целосно се напојуваат со обновлива енергија, соопштија градските власти.

„Можеме да се пофалиме дека Лас Вегас е еден од малкуте градови во целиот свет кои функционираат користејќи ја целата својата енергија од обновливите извори“, изјави градоначалничката Керолин Гудман.

Овој успех го означува речиси еднодеценискиот предизвик на градот за целосно да се пренасочи на чиста енергија. Сепак, во овој проект не се опфатени голем број на домаќинства и приватни згради.

Властите ја соопштија веста откако минатата недела започна со работа огромен соларен панел поставен во најјужниот крај на Невада.

Панелот наречен „Boulder Solar 1“, комбиниран со други извори ќе снабдува сто отсто од енергијата во градот.

Проектот започна во 2008 година и од тогаш се штеделе 5 милиони долари годишно, а потрошувачката на енергијата се намалила на 30 отсто.

Минатиот месец, 48 градоначалници потпишаа отворено писмо до новоизбраниот претседател Доналд Трамп за да преземе одредена акција во однос на проблемот со климатските промени.

Сан Франциско, Сан Хозе, Калифорнија и Мичиген се само дел од неколкуте големи градови кои се решени целосно да се снабдуваат со обновлива енергија до 2035 година.