Купувачи на Зара наоѓаат пораки од недоволно платените вработени во облеката

Муштериите на модната куќа Зара во Истанбул откриле необични етикети во нивната нова облека – поплаки од турските работници кои велат дека не биле платени за стоката во продавницата.

Работници од фирми кои соработуваат со Зара и други модни куќи оделе во продавниците и ги оставале етикетите внатре во облеката.

На пораката пишува „Го направив ова парче облека кое ќе го купиш, но не ме платија за тоа“. Целта е да ги поттикне купувачите да ја поддржат нивната кампања и да ја притиснат Зара да им ги даде платите кои им ги должи.

Етикетата вели дека шивачките се вработени од Браво, фирма која се затворила преку ноќ. Работниците велат дека компанијата им должи плата за три месеци, како и отштета.

Индитекс, компанија во чија сопственост е Зара, не одговорила на прашањата на Асошиејтед Прес.