Култура во време на корона – Три музички изведби и панел дискусија

Програмата „Култура во време на корона“ за денеска ќе понуди два концерта, диџеј настап и панел дискусија.

Во 19 часот на платото пред Универзална сала концерт ќе одржи групата „Antiart“, а во 20:30 часто на истата локација концерт ќе одржи групата „Bandoff“. Во 22 часот во Универзална сала настап ќе има DJ B!ZAARE, a  во 17 часот во Универзална сала ќе се одржи панел дискусијата „Светлосна уметност во карантин.“

Концертите ќе бидат стримувани на: Фејсбук страницата и Јутјуб каналот на Град Скопје.

Град Скопје, заедно со градските културни институции, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Со овој повик се поддржуваат т.н. маалски изведби во времетраење до 2 часа и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.