Куќата во која се родил Адолф Хитлер ќе стане полициска станица

Од Австриското министерство за внатрешни работи информираат дека доколку се оди по планот, куќата во која што се родил Адолф Хитлер ќе биде претворена во полициска станица, пишува „Гардијан“.

Властите одлучија куќата во северниот град Браунау, каде неонацистичкиот диктатор се родил во 1889, да ја претворат во полициска станица и центар за човекови права, а најавено е реновацијата да започне на 2 октомври.

Во обид да се спречи куќата да се претвори во „нацистички храм“, властите ja преземаа куќата во распаѓање во своја сопственост.

Според ново откритие, односно напис во весник издаден во 1939 година, Хитлер посакувал неговата куќа да биде претворена во канцеларии за локалната полиција.

Реновирањето на куќата е проценето на околу 20 милиони евра, а се очекува полициската станица да стане функционална во 2026 година.

Хитлер поминал многу малку време во куќата, но тоа не ги спречува посетите од неговите симпатизери ширум светот.